Марко тргна по стапките на татко му, а и таа по него: Со што се занимава Маја, ќерката на познатиот пејач Луис?

Марко тргна по стапките на татко му, а и таа по него: Со што се занимава Маја, ќерката на познатиот пејач Луис?

Објавена во: Живот // Живот

Тие двајца одлучиле нивниот повик во животот да биде музиката...

На 59 години, пејачот Љубиша Стојановиќ Луис почина во тешка сообраќајна несреќа во 2011 година.

Луис ќе остане запаметен како голема музичка легенда, бидејќи зад себе остави безвременски песни, а сите ќе го паметат и по специфичниот стил на пеење, кој го има наследено и неговиот син. Смртта на Луис најтешко ја поднесе неговата љубов Силвана Стојниќ, но и неговите шест деца.

Како што споменавме, еден од неговите синови го има наследено талентот за музика и се издвои на српската јавна сцена поради впечатливиот израз. Веќе добро познатиот Марко Луис продолжи да ја кради својата кариера по примерот на својот татко, но уште еден член од семејството на Луис, како своја идна професија ја избра музиката - во прашање е ќерката Маја Стојановиќ Луис.

Маја е родена во Германија, во Минхен и таму живеела до 2001 година. Таа завршила занает за фризерка, па некое време работела како фризерка, а потоа и како келнерка.

Била и менаџерка на еден клуб во Германија. Со музика професионално се занимава веќе 10 години, а имала и свој бенд со другарка ѝ Ивана, а со брат ѝ Марко пеела во бендот „Маракуја“. Маја денес е и мајка на една прекрасно девојче.

За потсетување, Маја во 2014 година се натпреварување во едно познато музичко шоу каде што ги покажа своите гласовни способности.

Во една прилика во разговор со српските медиуми оваа млада и силна жена носталгично се присети на своите музички почетоци со својот татко, детството и откри во кои работи најмногу личи на него.

„Имам сеќавања на едно прекрасно детство и разни пубертетски фази, разни несигурности и недостаток на самодоверба. Мислам дека секое девојче во детството поминало низ тие фази.

Музички растев и се развивав покрај татко ми и прекрасните колеги кои свиреа со него, иако и понатаму растам и се развивам и се надевам дека тоа никогаш нема да престане, но тие први чекори почнаа со татко ми и многу научив од него.“ - откри Маја, а потоа додаде во кои ситуациии најмногу потсетува на татко ѝ:

„Ух, сакам да јадам. Сакам да патувам и верува дека сѐ е можно и дека сѐ може да се постигне со труд, дисциплина и работа и тоа ни го пренесе татко ми, бидејќи и тој живееше така“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: