Марс влезе во Шкорпија и носи турбуленции: Што ве очекува до 3 јануари?
Марс усмртува, пали и руши се што не е добро за нас и притоа нема милост. Тој не заобиколува, туку многу добро знае каде оди и што треба да направи. Маана му е тоа што не познава умереност - или мрази или сака; или помага или одмага; или гради или руши.
Тој никогаш не е неутрален, поради што и нашите активности во наредните неколку месеци ќе бидат „обоени“ со крајности.
Некогаш знае да биде многу крут и немилосрден. Можно е во идните недели често да наидуваме на љубомора, завист, деструктивни реакции од блиските, па дури и одмаздољубивост - мора да бидеш казнет/а за она што си ми го направил/а. Не е исклучено и самите да подклекнеме на таквите нагони.
Веќе за време на владеењето на Шкорпијата сведочеа заминувањата на некои личности. Со Марс може да има уште повеќе одделувања и разделби.
Но, неговата силна енергија доколку ја користиме правилно може да не охрабри да се фатиме во коштец и со најбараните предизвици, да издржиме со напори и да ги поднесеме одрекувањата кои се потребни за да ја оствариме зацртаната цел.
Силата на волјата е неверојатна. Подготвеноста на радикални, длабински промени, исто така. Време е за длабинско чистење, средба со она што е подготвено да излезе од нашата потсвест. Да се соочуваме со сопствените стравови. Да ги погледнеме во очи.
Со помош на неговата енергија можеме да ја освестиме и развиеме личната моќ. А моќта која ја имаме предадено во туѓите раце сега да ја вратиме во себе.
Ова е многу страствена енергија, па и ситуацијата во љубовниот живот на многумина може да им ги замрси односите. Како ќе се развиваат околностите зависи од неговото влијание и позиција во вашиот личен хороскоп, а сценаријата се следни:
# љубовни триаголници, изневерување.
# однос кој започнува поради некоја силна физичка привлечност.
# крај на врска.
# проблеми во односите поради љубомора, контрола, манипулација, посесивност.
# квалитет на сексуалниот живот во односите станува многу важен, ако не и пресуден за понатамошниот развој на случувањата.
Што се однесува до здравјето повеќе внимание посветете на репродуктивните органи.
Бидете внимателни во ракувањето со туѓиот имот и пари. Парите на другите луѓе, кредити, заштеда, наследство, осигурување, финансиски инвестиции, сега доаѓаат на ред.