Мартија, Антониа и Барбара ги покажаа костимите за капење: Чиј модел најмногу ви се допаѓа? (ФОТО)

Мартија, Антониа и Барбара ги покажаа костимите за капење: Чиј модел најмногу ви се допаѓа? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Летото веќе одамна започна и сите секој слободен момент го користат за да уживаат на плажа. Некои веќе беа на летен одмор, други се подготвуваат, трети пак се во моментот, но има и такви кои „викендашки“ одат на море или езеро, за да уживаат во летните лудории.

Едни останаа верни на Македонија, па одбраа едно од нашите езера со блага вода, други пак заминаа на море, но едно нешто на сите им е заедничко - желбата да добијат совршен тен. 

Кога зборуваме за плажа, никако не смееме да ги прескокнеме костимите за капење, бидејќи секоја година различни модели се во тренд. Едноделни, дводелни, со карнери или без, со дезен, без дезен итн.

А, кога сме на тема костими за капење, неколку млади девојки од нашата јавна сцена покажаа за какви костими за капење се одлучија. Мартија , Антониа и Барбара го покажаа својот избор за ова лето, а ние оставаме на вас да одлучите чиј модел најмногу ви се допаѓа.

# Мартија Станојковиќ

Младата кумановка, деновиве споделува фотографии и видеа од плажа, а на последните сториња покажа и во каков костим за капење ужива. Станува збор за едноставно бикини во црвена боја, кое таа го искомбинира со тренди ланче од школки.

# Антониа Гиговска

Ништо поразлично не е ниту Антониа. И таа одбра едноставен дводелен костим за капење, само што таа се одлучи за црна боја.

# Барбара Ракичевиќ

Ќерката на познатата водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара која освен во водителството, се проба и во музика, се одлучи за црвен костим за капење, составен од два дела. За разлика од оние на Мартија и Антониа, горниот дел од костимот за капење на Барбара нема прерамки и всушност е како топче.

Р.Х.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: