Мартија е збунета: Не знае дали чува куче или прасе
Често споделува фотографи од приватниот живот, а на една од тие младата музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ ја покажа својата најдобра другарка. Станува збор за нејзиниото кученце од расата западношкотски бел териер.
Оваа нејзината убавица овој пак и направи проблеми на Мартија, а воедно и ја збуни. Имено, поради лошото време изминатите денови и врнежите од дожд, за време на прошетката, најдобра другарка на пејачката се извалка. Па така бело, крзното на миленичката на Мартија стана половина црно.
Од оваа ситуација следуваа неколку фотографии и видеа во кои младата пејачка делуваше збунето. „Јас не знам дали чувам куче или прасе“ - беше искрена Мартија.
Што ќе кажете за ова омбре во природна боја?