Мартија се огласи по озборувањата: Откри во какви односи е со Иван, поранешното момче на Антониа? (ВИДЕО)

Мартија се огласи по озборувањата: Откри во какви односи е со Иван, поранешното момче на Антониа? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Мартија Станојковиќ одговори на низа незгодни прашања...

По крајот на врската на Антониа Гиговска и Иван Јованов, и заедничкиот настап на Мартија и Иван, почнаа да се шират озборувања дека таа е во врска со поранешното момче на својата колешка. Колку тоа е вистина, сега откри младата пејачка.

Имено, таа беше гостинка во емисијата „Жешко столче“, а водителот и автор на емисијата, Никола Трпковски ѝ постави низа непријатни прашање. Едно од тие беше во какви односи е со Иван, поранешното момче на Антониа.

„Преку тоа што се знаат нашите родители преку работата, јас и Иван се знаеме и преку Антониа. И еве, јавно ќе кажам дека сѐ е професионално и на пријателски однос. Си се почитуваме и тоа е сѐ“ - одговори Мартија, со што стави крај на сите озборувања.

На какви сѐ други непријатни прашања одговори, погледнете во видеото во продолжение: 


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: