Запеа во дует со поранешното момче на Антониа: Публиката пееше во еден глас со Мартија и Иван (ВИДЕО)
Направија журка за паметење...
Во македонските медиуми како бомба одекна веста за крајот на љубовта врска на младата пејачка Антониа Гиговска и Иван Јованов. Иако тие двајца уште ги немаат потврдено или демантирано овие гласини, заедничката фотографија што ја избриша Иван од Инстаграм е еден знак дека навистина ставиле крај.
Неколку дена по оваа вест, една од најдобрите пријателки од естрадата на Антониа, Мартија Станојковиќ, настапи заедно со Иван. Таа му беше гостинка на настапот кој тој го имаше во еден скопски локал, а оние кои беа присутни не го кријат своето воодушевување.
На сцената Мартија испеа неколку песни, кои моментално се хит, а заедно со Иван ја испеаја „Кад замиришу јорговани“. Кратко видео од овој настап, на Инстаграм сподели мајка ѝ на Мартија.
Истото можете да го погледнете ТУКА.