МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ: „ Не дозволувам да ме демотивираат лошите коментари“
Мартија Станојковиќ е една од најмладите пејачки на нашата естрада. Со само
14 години, задава сериозни домашни задачи за останатите изведувачи. Зад себе
има неколку песни, а сите ја запознавте од музичкото натпреварување „Пинкове
ѕвездице“. Од тоа колку и се промени животот во последно време, па се до тоа каде
се гледа за неколку години прочитајте си во продолжение!
# Колку ти се промени животот откако почнаа луѓето да те препознаваат на улица?
Животот ми се промени во позитивна смисла, секогаш наидувам на позитивни коментари од добри луѓе кои ми изразуваат подршка за успех во мојата кариера.
# Дали понекогаш ти пречи што не можеш да имаш нормален тинејџерски живот?
Успевам да ги усогласам активностите од мојата професија со мојот тинејџерски живот. Понекогаш тоа знае да биде напорно, но во сето тоа не ја гледам лошата страна, бидејќи пеењето и музиката се моја прва и вистинска љубов.
# Како се справуваш со лошите коментари кои се праќаат на твоја адреса?
Ме интересира луѓето какво мислење имаат за мене. Доколку некоја критика е соодветна и сметам дека е добронамерна се трудам да ја применам. Лошите коментари не дозволувам да ме демотивираат, напротив ги користам како мотивација.
# За млада тинејџерка како што си ти, твоите текстови на песните се многу јака порака. Со кој се консултираш пред да одбереш која песна ќе биде твоја?
Доколку ми се допаѓа, се конслултирам со мојата менаџерка Ивана и со моето семејство. Мама, тато, бато и дада. :)
# Има ли Мартија омилен изведувач, од кој црпи инспирација?
Ги следам најактуелните изведувачи од светската сцена, па од секој наоѓам по нешто што ме инспирира да работам на себе. Во последно време најмногу ми се допаѓа музиката на The Weekend.
# Кој е твојот најголем „блам“ на сцена?
Ми се нема случено ништо до сега од кое се срамам или пак го сметам како блам. Еднаш ми се одврза врвка на патиката и ме фати паника дека ќе се сопнам, но за среќа добро поминав.
# Доколку нешто би променила кај себе што би било тоа?
Да бидам искрена не би менувала ништо. Едноставно сакам да сум таква каква што сум сега. Работам на себе и сите лоши работи се трудам да ги корегирам. Естетски гледано, единственото нешто што би сакала да го променам е мојата висина, барем да сум 5 – 6 сантиметри повисока.
# Модата е твоја јака страна, од кој црпиш инспирации за твоите „аутфити“?
Практикувам да носам едноставни парчиња. Се придржувам до „less is more“. Во магазините наоѓам инспирација за некоја аутфит или пак на социјалните мрежи, најчесто на Инстаграм ги следам модните блогерки.
# Доколку е возможно, со која светска ѕвезда би сакала да се заминеш на еден ден?
Животот на светските ѕвезди изгледа совршен и гламурозен пред камерите, така да не знам дали сакам да се заменам со некој на кој не му го познавам приватниот живот.
# Кога да очекуваат твоите обожаватели нова видео приказна и песна на македонски од тебе?
Нека остане изненадување! :)
# Каде се гледаш за 10 години?
Се гледам на светската сцена, на светски настани, а за тоа најмногу ќе ми помогне вашата поддршка и љубов!
Ивана Мисајловска