Мартија Станојковиќ отпеа песна од Кристина Агилера: Може ли да ѝ парира на светската музичка ѕвезда? (ВИДЕО)

Мартија Станојковиќ отпеа песна од Кристина Агилера: Може ли да ѝ парира на светската музичка ѕвезда? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Мартија Станојковиќ е една од најактивните на социјалните мрежи. На нејзиниот профил можат да се најдат многу фотографии на кои изгледа светски, но и видеа на кои ги покажува своите вокални способности.

Едно такво видео неодамна и своите следбеници ги почести со неверојатната изведба на песната „You Lost Me“ од Кристина Агилера. Емотивно и со премногу емоции, Мартија ѝ даде свој печат на овој хит од светската музичка ѕвезда, кој светлината на денот ја здогледа пред 11 години.

Бројот на лајкови и коментари под видеото од ден во ден расте сѐ повеќе, а и Антониа Гиговска имаше пофалба до својата колешка.

Доколку досега ја немате слушнато оваа песна во изведба на Кристина, тоа може да го направите во продолжение:


Што мислите, дали Мартија успешно ја изведе оваа балада?

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: