Маск не се откажува: Mилијардерот поднесе противтужба против Твитер
Маск не се откажува: Mилијардерот поднесе противтужба против Твитер
Илон Маск поднесе противтужба против Твитер, продолжувајќи ја својата правна битка против компанијата, која претходно го тужеше откако тој се повлече од нејзиното купување.
Како што пишува Ројтерс, противтужбата е поднесена во тајност, па документот од 164 страници не е јавно достапен и е на суд.
Противтужбата беше поднесена неколку часа откако Кетлин Мекормик, судија во Делавер, нареди судењето за тужбата на Твитер против Маск да започне на 17 октомври и да трае пет дена.
Компанијата Твитер се‘ уште не се огласила по овој повод, пренесува N1.