Маска од кечап, овошен шампон: Необични рутини за убавина на познати личности

Маска од кечап, овошен шампон: Необични рутини за убавина на познати личности

Објавена во: Мода // Must have

ХАЛИ БЕРИ

Тајната за убавина на Хали Бери е кафето. Таа користи кафе како ексфолијатор и ја храни нејзината убава кожа.

ЏУЛИЈАНА ХОГ

За нејзината светла насмевка, Џулијана Хог користи куркума наместо паста. Ако сакате бели заби, не заборавајте да испробате!

СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН

Актерката тврди дека има убава кожа благодарение на јаболков оцет, со кој редовно се мие и тушира.

КЛОИ МОРЕК

Младата актерка го чисти лицето со маслиново масло. Знаеме колку е здраво маслиново масло, но дали сте пробале да го користите?

СИЕНА МИЛЕР

Сиена Милер користи природен кечап како маска за коса. Како што вели, таа сакала да ја врати својата поранешна боја на коса и да заблеска, затоа што ја боeла неколку пати. Маската со кечап и помага во тоа.

БЛЕЈК ЛАЈВЛИ

Сите барем еднаш посакавме да имаме убава коса како Блејк Лајвли и како што таа тврди целата тајна е скриена во мајонезoт. Всушност, таа редовно користи мајонез како маска за коса.

НИКОЛ КИДМАН

Познатата актерка користи домашен сок од брусница како шампон за да се грижи за нејзината коса.

извор:grazia.rs

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: