(ФОТО) Маски за кои сите ќе прашуваат: Одберете ги најдобрите!
НОВО! НОВО ВО ПРОСВЕТНО ДЕЛО!
ПРОСВЕТНО ДЕЛО секогаш се грижи за најмладите читатели: да имаат новитети и да им биде забавно во секое време и на кое било место!
Овој пат посочуваме две нови БОЕНКИ: ПРИНЦЕЗИ и ХЕРОИ И ЧУДОВИШТА. Интересот е еднакво покриен како за девојчињата така и за момчињата. Ама, овие боенки се малку необични! Зошто? Е па, овде, секоја страница е маска. Таа е доволно голема да го покрие вашето лице. Може да ги користите за секоја пригода откако убаво ќе ги избоите по ваша желба.
Потоа ќе ја одвоите маската од перфорираната подлога и така убаво избоена може да си ја носите по повод некој роденден, маскенбал, априлијада итн.
Маската има еластичен ластик со чија помош лесно ќе ја прицврстите на глава и комотно ќе се шетате со неа.
Затоа забавата нека почне, избојте ги маските што поубаво за да ги носите по каков било повод и сите да ве прашуваат за вашата убава креација!