Матеј „БигСлав“ Џајковски е првиот Македонец кој работел на #1 албум на Apple Music

Матеј „БигСлав“ Џајковски е првиот Македонец кој работел на #1 албум на Apple Music

Објавена во: После „Школо“ // PR

Матеј “БигСлав” Џајковски, кој веќе подолго време успешно работи во Лос Анџелес како музички продуцент, работеше на албумот на групата “FLO” насловен “Access All Areas” кој дебитираше на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Тој ја продуцираше песната насловена “On & On” која веќе станува фаворит oд албумот. Ова е негов прв #1 албумна кој има работено и со тоа пишува историја како прв Македонец со ваков успех!

Британската Р’н’Б група и сензација FLO првпат се појавија на сцена во 2022 година, потпишувајќи договор со познатата издавачка куќа Island Records/Universal Music. Набргу потоа следеше соработка со Missy Elliot, беа номинирани за Brit Awards, MTV VMA Аwards..како и врвни настапи на Coachella и Glastonbury Festival.

“Access All Areas” албумот е достапен на сите стриминг платформи.


Инстаграм профил: @bigslav22

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: