Матеј Периш во Минхен бил забележан на 3 локации: Што точно видела манекенката Лидија?

Матеј Периш во Минхен бил забележан на 3 локации: Што точно видела манекенката Лидија?

Објавена во: Живот // Живот

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин истакна дека полицијата ја проверува секоја дојава која е поврзана со исчезнувањето на момчето од Сплит...

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш и понатаму трае. Нови информации се појавуваат секојдневно, а последна во низата е тврдењето на хрватската манекенка Лидија А. која живее во Минхен и која вели дека наводно го видела како се шета во тој град. На семејството секоја вест му влева надеж, но се поставува прашањето што од тоа е вистина, а што шпекулација.

За исчезнатото момче од Сплит се трага веќе со денови, а иако српската полиција деноноќно го бара, нема дојдено до никакви конкретни сознанија, а шпекулациите и теориите за тоа каде е Матеј се појавуваат во сѐ поголем борј.

Ситуацијата дополнително се измеша кога на интернетот почна да се шири објавата на хрватската манекенка која тврди дека во центарот на Минхен видела маж кој во потполност одговара на описот на Матеј, кој пред ресторанот „Опатија“ вадел пари од банкомат, а потоа продолжил до хотелот „Мандарин“, каде се наоѓа и полициска станица.

Лидија се огласи на Инстаграм и ги праша луѓето колку точно е висок Матеј, бидејќи е сигурно дека наводно три пати го видела маж кој е „ист како него“.

За потсетување, Матеј Периш исчезна вечерта помеѓу 30 и 31 декември минатата година, кога излегол без јакна од белградскиот клуб „Готик“ и никогаш не се вратил во него.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин исткана дека полицијата ја проверува секоја дојава која е поврзана со исчезнувањето на момчето.

„Ние даваме сѐ од себе да го решиме овој случај и ја проверуваме секоја информација која ќе дојде до нас. И во овој случај имаме и добронамерни и злонамерни луѓе, кои се јавуваат. Има и бели и црни волшебници, луѓе кои велат дека ја виделе астралната проекција на Матеј. Неодамна дури ни кажаа дека исчезнатото момче купувало леб во Врачар. Кога проверивме, сфативме дека во прашање е сосед“ - кажа министерот за внатрешни работи во едно телевизиско гостување.

Вулин кажа дека се запознал со таткото на момчето и дека му „искажува една голема почит“.

„Јас морам да искажам една голема човечка почит на таткото на Матеј Периш, само ставете се во неговата ситуација. Дали би имале толкаво разбирање како него. Имаше обиди ова да се претстави како меѓународен конфликт. Тоа е навистина одвратно и зборува за омразата која ја чувствувате кон овој град. Ова е безбеден град, овде никој никогаш нема да ве нападне поради националноста“ - вели министерот и нагласува дека ги исклучува сите можност за вршење насилство над исчезнатиот Матеј.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: