Матурант кој воодушеви: Неговиот моден избор не е вообичаен за матурска вечер, но е најдобар (ФОТО)
Секој би требало да може да носи што сака и да биде свој...
Каде го пишува правилото дека девојките треба да доаѓаат на матура во фустани, а момчињата во костуми? Никаде не видовме дека ова правило е напишано, па зошто да не го прекршиме? Особено ако си некој што не се согласува со него.
Секогаш пишуваме за девојките и за тоа што носеле на матура и како нашле убав фустан, но сега фокусот е сепак на едно момче. Фотографиите направени од гордата мајка станаа вирални. Нејзиниот син славел матура, а таа не можела да не се пофали на Интернет и да не им покаже на сите колку добро изгледа.
Стана вирален затоа што го направил она од што се плашат многу луѓе денес - одбрал да биде свој, без разлика на тоа што би кажале другите и за што би можеле да го критикуваат. На матурата се појавил во прекрасен црвен фустан!
At age 12 my son announced he wanted to go to his school #prom in a gown. Four years later we made it happen. I’m so incredibly #proud of him for being true to himself & the reception he got from his whole school was incredible. What do you think @michellevisage @theebillyporter pic.twitter.com/lsLKnmY9k5
— Nina Green (@thisisneenz) July 1, 2022
Пред да почнете да го навредувате, само запомнете дека ова е 16-годишно момче кое се чувствува удобно во оваа облека и чија мајка е супер горда на него. Тогаш зошто на некој друг да му пречи тоа што на матура се појавил во фустан? Нема причина! Луѓето го опсипуваат со прекрасни коментари.
Мајка му посочи дека тоа му била желба од порано и дека нема причина да не се оствари. Фустанот е инспириран од актерот Били Портер кој на Оскарите дојде во сличен дизајн.
фото: Принтскрин / Твитер