Матурантите масовно сакаат да се запишаат на овие студии, за едно место се борат дури 20 од нив!
Се исплати ли навистина да се запишеш на овој факултет? Еве што кажува Мирна за професијата за која голем број матуранти се заинтересирани.
Во Хрватска оваа година студиите по логопедија се најпопуларни поради ветувањето кое следува по завршувањето на студиите - без проблем се наоѓа добраработа, а и платата е голем плус. А што очекуваат они кои ќе го запишаат по завршувањето на студиите? Одговорот на ова прашање го има една студентка која го заршила пред неколку години.
„Не сум сигурна дека знаат што ги очекува, тоа нешто што се менува од година во година“ - Мирна Бараќ ја започна својата приказна за vijesti.rtl.hr.
Вели дека не познава ниту еден логопед во Загреб кој нема работа и дека тој факт сигурно привлекува многу матуранти да заронат во оваа професија.
„Одговорноста е голема. Сепак станува збор за деца, нивното школување, обравозание...“ - вели Мирна.
Хрватскиот завод за вработување вели дека моментално Хрватска бара 7 логопеди, најголемиот број за во градинките. Сигурно вработување и просечна нето плата од 6500 куни, па не и чудно што толку многу млади луѓе сакаат да станат логопеди.
Од 1000 бруцоши од цела Хрватска, 485 студираат логопедијата ја ставиле на првото место како избор, но само 50 најдобри ќе завршат на оваа насока.
Логопедијата ја бие глас дека е најтешка за студирање, но улењето не престанува со излегувањето од факултетот.
„Мислам дека сите ние кои студиравме се стекнавме со добри темели за понатамошната работа, но факултетот сам по себе не е доволен за да бидете успешни и добри во она што го работите, важно е да продолжите со едукацијата и да ги следите трендовите“ - објаснува Мирна.