Матурантите покренаа петиција: Откажување на државната матура во 2020
„Поради вонредната ситуација настаната од Covid-19 на светско ниво од која Република Северна Македонија не е исклучок, матурантите бараат да се откаже државната матура.“ - вака започнуваат овогодишните матуранти.
Имено, тие поради моменталната ситуација во државата, за која велат дека прогресира и не запира, започнаа петиција, преку која собираат потписи со цел одложување на државната матура.
„Немаме онлајн часови со кои би можеле да се поткрепиме и да ги надокнадиме изгубените часови, но и тие го немаат истиот ефект како регуларните часови во поглед за подготвување за матура.“ - истакнуваат тие, а потоа додаваат:
„Ние матурантите бараме откажување на државната матура 2020, по примерот на Холандија, Велика Британија и Шкотска и запишување студии врз основа на резултатите од успехот во изминатите четири години. Секој ученик има право да се запише на студии со оглед на амбициите коишто ги поседува истиот, без одолговлекување на факултетските уписи. Со оглед на вонредната состојба која доминира на светско ниво, се надеваме на позитивен одговор од надлежните.
Сметаме дека предлогот (размислувањето) матурските испити да се одложат во јули е несоодветен и на штета на учениците коишто сакаат да аплицираат во странство на коишто целосно ќе им пропадне уписната година, доколку матурските испити бидат одложени. Затоа, ние НЕ бараме одложување на државната матура, туку откажување на истата.“
Целото барање, како и поддршката кон оваа петиција може ги најдете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.