„Mavrovo Maximum Adventure 2019“ - најголем тим билдинг настан во регионот

„Mavrovo Maximum Adventure 2019“ - најголем тим билдинг настан во регионот

Објавена во: После „Школо“ // PR

Од 7 до 9 јуни, на терените на Скијачкиот центар Маврово и на Мавровското Езеро, по шести пат се организираше еден од најпредизвикувачките аматерски спортски летни настани „Mavrovo Maximum Adventure“. Се работи за програмски најбогатиот македонски настан наменет за компании и организации, за што говорат бројките од 400 пријавени учесници од повеќе од 20 компании и организации.

„Целта и идејата на „Mavrovo Maximum Adventure“ беше преку адреналински спортови и авантуристички игри да се реализира лесен тим билдинг со фокус на спортските активности.Mavrovo Maximum Adventure“, овој настан е уникатен и поради совршената локација на Маврово, сместен во подножјето на планината Кораб, која повеќе од 50 години е симбол за приказни исполнети со гостопримство, традиција и планинско спокојство. Маврово, кое важи за една од најубавите македонски планински долини, се покажа дека е одлично место за организација на летен тим билдинг за компании и организации, придружен со незаборавна летна авантура исполнета со прекрасни шумски предели, зелена идила, неверојатни пејсажи, чист воздух и совршени услови за планински прошетки, велосипедизам и останати планински спортови.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: