Ме извлече за уши и ме однесе дома: Марија Шерифовиќ откри една траума од тинејџерските денови
Ситуација од тинејџерскиот период што никогаш нема да ја заборави...
Марија Шерифовиќ никогаш не криела колку е поврзана со мајка ѝ Верица Шерифовиќ, и дека нивниот однос никогаш не бил подобар.
Имавме можност да ја гледаме Верица и во нејзините влогови, и да погледнеме како тие го поминуваат заедничкото време, но односите помеѓу нив, не биле секогаш толку идилични. Сепак, мајката на најдобрата пејачка на Балканот знаела да биде и строга, особено кога се кршеле правилата.
„Бев во некој клуб, кажав дека ќе се вратам до полноќ. Тоа беше некој подрум, немаше сигнал, кога ете ти ја Верица, облечена во пижами, бадемантил, дојде и ме најде - во бадемантил! ништо, потоа викаше, ме извлече за уши и ме однесе дома. Најверојатно од тогаш имам трауми и никогаш повеќе никаде не доцнам“ - раскажа Марија во Амиџи шоу.
Инаку, пејачката неодамна откри и дека нејзината баба ја израснала, додека мајка ѝ и татко ѝ работеле, и дека сепак денес со Верица го надополнуваат сето она што го пропуштиле.
фото: Принтскрин / Инстаграм