Ме натераа да се омажам на 16 години, маж ми веднаш почна да ме злоставува: Исповед на Ромка која ќе ви го скрши срцето
Девојка од ромска националност на својот ТикТок секојдневно споделува детали од својот живот. Бриџит Вал живее во Ирска и тоа утро целиот свет ѝ се срушил...
Едно утро Бриџит се разбудила и дознала дека нејзиниот брак е веќе договори, на што таа изјавила „Ова ми е најлошиот ден откако дишам“.
„Ме присилија да се омажам, а до денот на свадбата не знаев ни дека ќе се мажим, а ни за кого“ - раскажа таа за утрото кога се разбудила, а на креветот ја дочекала голема бела венчаница.
@bridgey_barbara Answer to @lizmc10 #fyp
original sound - Bridget wall
Бракот, вели, не успеал, а поранешниот маж само по две недели од венчавката почнал да ја злоставува, но од него успеала да се разведе дури седум години подоцна, на 23 години.
@bridgey_barbara Thought I jump on this trend even tho I done shit #tiktoktraditions #fyp #irish #traveller #girll
The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] - Hoàng Read
„Не бев жена, бев уште дете“ - кажа таа во своето видео и објасни зошто некои ромски семејства сѐ уште ги договораат браковите за своите деца. Причината, како што вели таа, е бидејќи не сакаат децата да им се женат или мажат за некоја друга нација или вера, па затоа подобро им одбираат некој од заедницата чие семејство го познаваат и кој им се допаѓа.
„Ако е помала заедницата, доаѓа до тоа и да се венчаме меѓусебно, со роднини, но тоа денес во Ирска е реткост“ - кажа таа и додаде дека во секој случај девојките мора да го направат она што ќе им го кажат родителите.