„Ме научи на сè и ме поддржува во секој чекор“: Лина Пејовска емотивна за најважниот маж во нејзиниот живот
Младата и талентирана пејачка Лина Пејовска, најголемата поддршка ја има од нејзиното семејство. Таа често знае да објави фотографија најчесто со нејзината мајка.
Но овој пат Лина имаше повод за една заедничка фотографија со нејзиниот татко Ефто.
„Еве го човекот кој ме научи на сè и кој ме поддржува во секој чекор, гледајќи низ животот, не можам да бидам доволно благодарна што си во мојот живот. Среќен роденден тато, те сакам засекогаш“, напиша Лина.
Фото: Инстаграм