Ме силуваше, а потоа останав бремена: Лејди Гага во солзи се присети на ужасот што го преживеа на 19 години
Трауми од кои и денес, на врвот од својата слава- не може да се опорави
Американската пејачка, повеќекратен добитник на сите доделени музички награди во САД, уште еднаш зборуваше за хоророт што го преживела на почетокот на нејзината кариера како гостин во емисија кај Опра Винфри, но овој пат не го откри името на продуцентот-силувач.
Светски познатата пејачка Лејди Гага (35), чие вистинско име е Стефани Германота, се присети на хоророт кој го преживеала кога имала само 19 години и кога била на самиот почеток на нејзината кариера, таа била силувана од музички продуцент, неговото име не сакаше да го откие.
Најновите детали за хоророт, за кои зборуваше претходно, ги презентираше како гостин во емисијата „Јас, оној што не го гледаш“ на Епл ТВ +, зад која заедно со американската водителка Опра Винфри стои британскиот принц Хари, чиј концепт е дизајниран така што светските славни личности ги откриваат своите психолошки тешкотии и борби додека минувале низ нивните животи.
Претходно, таа откри дека поради тоа ужасно искуство, добила посттрауматски стрес, за кој станала свесна само неколку години подоцна откако посетила болница.
- Одеднаш почувствував дека ме обзема болка и почнав да ја губам свеста. Потоа бев болна со недели и дури тогаш сфатив дека тоа е истата болка што ја чувствував кога лицето што ме силуваше ме исфрли од автомобилот бремена на тротоарот пред куќата на моите родители затоа што бев болна и повраќав. Бев заклучена во студио со месеци - низ солзи изјави повеќекратната добитничка на музичките награди, тврдејќи дека доживеала нервен слом години по искуството.
Во последната емисија, принцот Хари зборуваше и за своите искуства, пред се‘ за смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, но и за семејството и младешките денови.
Видео: Youtube