Медисон Бир е уште една жртва на лошиот менаџмент: Бесот кон издавачката куќа го искажа на социјалните мрежи
Медисон Бир е последна во низата потенцијални sвезди на кои издавачките куќи им ја ускратија довербата, поради што страда нејзината кариера.
Во серијата избришани твитови, младата пејачка упати обвиненија против менаџментот и нејзината издавачка куќа, наведувајќи дека тие не ја поддржуваат нејзината кариера, и дека тие се виновни за нејзиниот пад.
И покрај што ги редеше хитовите како што се „Selfish“, „Home with You“ и „Baby“, таа е под постојан удар од јавноста поради физичката сличност со Аријана Гранде, од која се оградуваше.
Таа е на сцената веќе неколку години, а својот деби албум го објави оваа година, за што наводно е виновен нејзиниот менаџмент. Иако имаат потпишан договор, во неа не гледаат потенцијал, поради што одбиваат да ја финансираат нејзината кариера.
„Навистина ја мразам мојата издавачка куќа“ - напиша таа, но го цензурираше зборот издавачката куќа. Откако фановите се согласија со неа, таа продолжи. „Тие не прават ништо за да ме поддржат и не промовираат ништо. Буквално морав да платам за целиот спот за синглот „Reckless“, бидејќи не веруваат во мене. Уморна сум од ова“ - додаде таа, по што набрзо ги избриша твитовите.
Интересно, „Reckless“ е нејзиниот најуспешен сингл досега, кој на Spotify е преслушан над 50 милиони пати, за што таа им се заблагодари на фановите.
<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">n nobody but my fans are the reason for this <3 your support means everything in the world n more <a href="https://t.co/2F4MDG1MVc">https://t.co/2F4MDG1MVc</a></p>— madison beer (@madisonbeer) <a href="https://twitter.com/madisonbeer/status/1422290872591257637?ref_src=twsrc%5Etfw">August 2, 2021</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>
„Само моите обожаватели се одговорни за ова, ве сакам. Вашата поддршка ми значи сѐ во светот и повеќе од тоа“ - објави Бир.
Медисон не е единствената sвезда на која издавачката куќа ѝ ја ускратува поддршката: Иги Азалеа помина низ идентична ситуација, но и Тинаша, која на крајот сама си ги објави своите синглови, но не постигна поголем комерцијален успех.