Медиумите пишуваат дека Северина се сели кај 10 години помладиот винар: Како тој го искометира ова?

Медиумите пишуваат дека Северина се сели кај 10 години помладиот винар: Како тој го искометира ова?

Објавена во: Живот // Живот

Откако српските медиуми пред неколку месеци почнаа да пишуваат дека Северина е во љубов со 10 години помладиот винар Томислав Воштиниќ од Иваниќ - Град, сега пренесуваат дека пејачката се сели на неговиот имот.

Имено, српскиот „Ало!“ пишува дека извор близок на Северина потврдил дека таа поминува се повеќе време во Иваниќ - Град, каде што се наоѓа луксузната винарија на Томислав и дека веќе се подготвени за сериозен чекор во врската, а тоа е заедничкиот живот, што самиот тој и го предложил. Таа го прифатила овој предлов, а тоа им се допаднало и на нејзините пријатели кои ја поддржале во оваа одлука. Тврдат и дека Томислав и грижлив и внимателен кон пејачката и дека селењето нема да биде никаков проблем, бидејќи секако најмногу време поминува кај него.

Но, Томислав оваа вест ја дематираше за „24 сата“, исто како што и пред неколку месеци демантираше дкеа се во љубовна врска, откако заедно го поминале летото крстарејќи по Јадранот.

„Не е вистина дека Северина се сели кај мене“ - кратко изјави Томислав.

За проблемите во бракот на Северина и 15 години помладиот Игор Којиќ за кој се омажи во 2015 година се зборува веќе една година, колку што и не се виделе, откако таа се врати во Загреб од Белград. Дополни гласини поттикна и нивниот последен потег на социјалните мрежи кога ги избришаа последните заеднички фотографии кои ги имаа објавено минатото лето.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: