Меган Фокс и Машин Ган Кели како Кен и Барби: Со модната комбинација ја воодушевија публиката (ФОТО)

Меган Фокс и Машин Ган Кели како Кен и Барби: Со модната комбинација ја воодушевија публиката (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Оваа двојка е позната по тоа што често носи облека во иста боја...

Меган Фокс и нејзиниот вереник Машин Ган Кали вчера се појавија на премиерата на документарниот филм „Machine Gun Kelly's Life in Pink“, каде и двајцата беа во усогласени модни комбинации.

Актерката својата долга коса по која е препознатлива ја имаше бојадисано во розово, а истото го имаше направено и нејзиниот партнер.

Модните експерти нивната модна комбинација ја опишаа како комбинација која со задоволство би ја носеше Кен и Барби.

Меган носеше мини розов фустан со асиметрично деколте кое наликува на костим за капење, а сето тоа го надополни со сандалите со високи потпетици и силната шминка.

Пејачот се појави во розево-син топ џемпер, бели панталони, а комбинацијата ја „зачони“ со модните детали како бисерниот ѓердан, обетките, нараквицата, прстените и ланецот.


фото: Принтскрин / Инстаграм 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: