Меган го глали стомакот и се жали, принцот Хари воздивнува и ја споредува својата трагедија со на Дајана: За ова зборува целиот свет

Меган го глали стомакот и се жали, принцот Хари воздивнува и ја споредува својата трагедија со на Дајана: За ова зборува целиот свет

Објавена во: Живот // Живот

Интервјуто кое цел свет го чека ќе ја здогледа светлината на денот на 7 март, а најавено е на телевизијата CBS како трејлер за драматичен филм...

Ексклузивното интервју од два часа, во кое двојката разговара со познатата водителка Опра Винфри за нивната одлука да го напушти кралското семејство и да се преселат во Калифорнија со нивниот син Арчи, ќе се емитува во целост во недела на 7 март.

Договорот со Опра Винфри за интервјуто ги охрабри кралицата Елизабета и Бакингемската палата да им ги одземат на кралската двојка сите кралски покровителства, а нивниот одговор до кралицата дека „услугата е универзална“ ги разбесни принцот Вилијам и другите членови на дворот кои беа шокирани од такво непочитување на кралицата.

Опра ова интервју со кралската двојка го нарече „најдоброто нешто што некогаш го направила“, открива пријател на водителката, Гејл Кинг.

И додека многумина со нетрпение чекаат да слушнат сè што Меган и Хари имаа да кажат, други наведуваат дека станува збор за чисто глумење, глумење жртви и привлекување на медиумско внимание на најнизок можен начин - осврнувајќи се на страдањата на покојната принцеза Дајана.

Најавата за интервјуто може да ја погледнете во продолжение:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: