Меган Маркл го тера принцот Хари да оди на трансплатација: Опседната е со неговиот имиџ, му наметнува посебни барања

Меган Маркл го тера принцот Хари да оди на трансплатација: Опседната е со неговиот имиџ, му наметнува посебни барања

Објавена во: Живот // Живот

Меган Маркл е опседната со имиџот и го тера принцот Хари да пресади коса, а оди толку далеку што не му дозволува да ја напушти куќата без капа која ќе ја сокрие неговата проќелавеност...

Тие имаат шарм, стил и уште се принцови, но постои една ситница која недостасува кај машкиот дел од британското кралскот семејство, а тоа е косата.

Многумина се сеќаваат на времето кога принцот Вилијам и неговиот помлад брат, принцот Хари, можеа да се пофалат со густа коса и посакувана фризура.

Пред десетина година, во центарот на вниманието на јавноста беше принцот Вилијам, на кој одеднаш почна да му опаѓа косата. 

Со истата судбина се соочува и неговиот помлад брат Хари, кој иако само што влезе во 30-тите години од животот, го стигна проблемот со кој се соочува целиот машки дел од неговото семејство.

Според National Enquirer, Меган Маркл, која е опседната со имиџот, го тера принцот Хари да ја среди косата. Таа, наводно не му дозволува на сопругот да ја напушти куќата без капа, со која ќе ја прикрие проќелавеноста.

„На Меган ѝ е многу важно како изгледаат, па кога ќе го види проблемот на Хари, сѐ повеќе сака по тоа прашање да направи нешто, додека не биде прекасно“ - кажа извор близок до двојката. Иако звучи остро, изворот истакнува дека и Хари е подготвен да направи нешто по тоа прашање.

Иако Вилијам со години се обидуваше да го сокрие опаѓањето на косата, со текот на времето сфати дека тоа повеќе нема да може да го прави, па едноставно го ишиша и остатокот од косата што е можно пократно и престана да се оптеретува со тоа.

Сега истиот проблем го мачи и неговиот 36 - годишен брат Хари, кој порано оваа година стана предмет на исмевање, откако беа објавени фотографии на кои јасно се гледа дека по заминувањето во Америка, изгубил многу коса.

Имено, фотографиите се направени за време на отворањето на споменикот на принцезата Дајана, по повод нејзиниот роденден. Во таа прилика браќата се фотографира од зад грб, а на фотографиите јасно се гледа дека Хари не заостанува многу зад постариот брат, кога е ќелавоста во прашање.

ме

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: