Меган Маркл не го ни отворила подарокот од татко ѝ за роденден: Не сака да се смири со него, тој пати и патува
Меган Маркл не се грижи за подарокот кој нејзиниот татко ѝ го испратил за 40-от роденден...
Меган Маркл на 4 август го прослави својот 40-ти роденден, а помеѓу големиот број подароци и честитки кои ги доби, беше и букетот од нејзиниот татко Томас Маркл, со кој веќе неколку години не е во добри односи.
Томас се потрудил да ѝ го разубави денот на својата ќерка и ѝ испраил букет од 14 ружи, од кои 12 биле црвени и 2 жолти, кои се наоѓаат во средина и кои ги претставуваат децата на неговата ќерка и принцот Хари, пишува „TMZ“.
Откако ѝ го испратил цвеќето на домашна адреса, тој не добил никаква повратна информација - Меган не му се заблагодарила, ниту му се јавила дека ги добила ружите.
Да потсетиме, Томас порано изјави дека има посебна желба да се смири со ќерката, за да биде дел од животот на своите внуци, бидејќи верува дека немаат доволно членови на семејството околу себе.
Инаку, таткото и ќерката не се во добри односи откако тој зад нејзиниот грб зборуваше со медиумите, на што таа му замери. Освен Меган, ни Хари не е во контакт со таткото на својата сопруга.
Според пишувањата на странските медиуми, војвотката од Сасекс и нејзиниот сопруг, принцот Хари направија домашна забава на која имаше околу 65 гости, а за роденденската торта бил задолжен сопругот на Меган.
фото: Profimedia