Меган Маркл пред нов кралски предизвик: Ќе мора да ја измери својата тежина пред и по празничната вечера!
Оваа година Меган
Маркл и нејзината мајка Дориа Регланд ќе присуствуваат на свечената, празнична
вечера со
кралското семејство и како тоа да не е само по себе стресно, тие две ќе мора
да бидат дел од една долга и чудна кралска традиција – мерење на тежината пред и
по божиќната вечера.
Всушност Меган и нејзината мајка ќе мора да застанат на вага и да проверат колку се тешки пред и по празничната, божиќна вечера заедно со останатите челенови од кралското семејство, пишува магазинот Cosmopolitan.
Оваа необична традиција датира уште од времето на кралот Едвард VII и всушност воопшто не се работи за злобна традиција која треба некого да посрамоти. Кралот бил само загрижен за здравјето на членовите на семејството и со мерењето на нивната тежина сакал да се увери дека секој од нив доволно изел за време на вечерата.
Но без разлика на сè ова е една чудна традиција на која Меган ќе мора да се навикне.
Фото: @ kensingtonroyal