Меган Маркл, Тејлор Свифт или Бијонсе: Какви „обични“ работи имале пред да станат ѕвезди?
Заработувале и пред да станат познати, а со многумина од нив би можеле и ние обичните луѓе да се поистоветуваме...
Не се родени во познати семејства сите ѕвезди кои сега се мега популарни, како што е случајот со кланот Кардашијан. Голем број од нив пред популарноста живееле сосема нормален живот, а тоа го покажуваат и работите кои ги имале тогаш.
Пред да станат пејачи или пејачки или пак актери и актерки, познатите биле само „обични“ луѓе исто како и ние. Живееле нормален живот без гламур, дизајнерски парчиња облека и работа која им носи милионска заработка. А, со што се занимавале тогаш? Биле млади, само што го завршиле школувањето (некои од нив оделе и на училиште) и имале работа со кој секој може да се поистоветува. Кој знае, можеби нивните работи ќе ти дадат идеја за некоја летна работа, која ќе можеш и ти да ја работиш.
# Тејлор Свифт
Една од моментално најпопуларните пејачки на светот, пред да стане позната немала толку гламурозна работа. Во едно интервју таа откри дека имала работа на една фарма, каде што ги отстранувала гнездата од дрвјата. Тејлор популарноста ја доби многу млада, па не изненадува тоа што пред популарноста имала некоја едноставна работа која што и била понудена, а истата и била во близина на местото на живеење.
# Меган Маркл
Дали некогаш сте забележале колку убаво се потпишува Меган Маркл? Доколку не сте, погледнете. Има навистина прекрасен потпис кој изгледа како од бајка, а за тоа постои причина. Пред да стане позната актерка, Меган била калиграф, личност која се занимава со калиграфија (краснопис). Се занимавала со потпишување на покани за венчавки, честитки...
# Бијонсе
Пред да се прослави со својата група „Destiny's Child“ имала работа која воопшто не е гламурозна - во фризерски салон ја чистела косата од подот. Од 6 до 9 години, Бијонсе работела во фризерскиот салон кој го имала нејзината мајка. Помагала во разни мали работи, но и ги забавувала луѓето кои доаѓале со своите мали претстави кои ги изведувала.
# Бред Пит
Уште една позната личност, која додека била млада не знаела што е тоа популарност. Имено, првата работа која ја имал овој актер воопшто не е „тренди“. Бил маскота за ресторанот „El Pollo Loco“, а облечен во кокошка пред ресторанот ги примамувал минувачите да јадат во истиот.
# Никол Кидман
Уште една актерка на која првата рбаота не и била во Холивуд. Пред популарноста се занимавала со масирање. Оваа вештина ја научила кога нејзината мајка се борела со ракот, а Никол со масажа и помагала против болките. Тоа и се допадната и подоцна започнала да се занимава посериозно со тоа.
# Карди Би
Пред да стане позната раперка и да почне да носи долги нокти од половина километар со кои сосема сигурно не може ништо да работи, Карди Би имала сосема нормална работа. Работела како благајник во една продавница во Њујорк. Откако добила отказ, се вработила како стриперка во клубот, кој се наоѓал спорти продавницата.
# Џенифер Анистон
Можеш ли да ја замислиш Џенифер како доставувач на велосипед? Токму тоа била работата која ја работела на 19 години.
# Мајли Сајрус
Мајли дефинитивно немала нормала работа пред да стане Хана Монтана. Нејзиниот татко Били Реј Сајрус, кој е познат пејач, ја ангажирал својата ќерка да биде негова помошничка која ќе ги собира подароците кои девојките ги фрлале за него на бината кога настапувал.
# Џулија Робертс
Уште една ѕвезда која имала нормална работа како тинејџерка, пред актерската кариера е Џулија. Таа работела на штанд за сладоледи.
# Ники Минаж
Ниту Ники како млада немала гламурозен живот каков што има денес, што покажува и работата која ја работела. Таа била керлнерка во ресторан.
# Маргот Роби
Уште една актерка која имала обична работа е Маргот. Таа работела во познатиот ланец за брза храна „Subway“. Правела сендвичи, а во една прилика има изјавено дека смета дека била навистина добра во тоа, бидејќи се трудела сите состојки убаво да ги распореди во сендвичот и да не остави ниту еден празен дел.
# Меган Фокс
Маскотите пред продавниците и рестораните се хит во САД и многу млади луѓе се вработуваат на тие позиции. Една од нив, освен Бред Бит, била и Меган Фокс. Таа носела банана костим и промовилара еден локал за „смути“.