Меган Маркл за роденденот носеше две ланчиња кои имаат посебно значење
Меган Маркл се јави од нејзиниот луксузен дом во Калифорнија и во видео повик зборуваше со актерката и комичарка Мелиса Мекарти за нејзиниот нов проект.
За време на разговорот, двете дизајнирани ланчиња на Меган, кои кријат посебно значење, привлекоа внимание. Тие ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца, синот Арчи, кој е роден во знакот на Бик и ќерката Лилибет, родена во знакот на Близнаци.
Ланчињата се дизајнирани од Логан Холовел и се достапни во варијанта од 14-каратно злато и дијамант или бел сафир. Според „Page Six“, ланчето посветено на Арчи чини 1.600 долари, а цената на ланчето посветено на ќерката е 1.785 долари.
Новиот проект на Меган е менторство на познатите личности за да им помогнат на жените кои бараат работа откако ќе ја изгубат за време на пандемија.
„40 -ти роденден ми е и имам идеја. Откако наполнив 40 години, барам од моите 40 пријатели да дадат 40 минути од своето време за да ги подучуваат жените кои бараат работа“ - објасни Меган.