Мејкап артист трансформираше баба во Ким Кардашијан: Неговите корисници се воодушевени од резултатот

Мејкап артист трансформираше баба во Ким Кардашијан: Неговите корисници се воодушевени од резултатот

Објавена во: Мода // Moj стил

Нивното видео стана вирално и има повеќе од 2 милиони прегледи...

Кога станува збор за шминката и беспрекорното контурирање на лицето, Ким Кардашијан е инспирација за многу девојки и жени, а особено на една баба.

Препознатливата шминка на Ким Кардашијан стана толку популарна што нејзиниот шминкер Марио Дедивановиќ стана светска ѕвезда. Марио и Ким се тандем од соништата, а доказ за тоа се и другите шминкери чии клиентки им покажуваат фотографии од популарната ријалити ѕвезда, со цел да бидат нашминкани како неа.

Видеото од една баба за кратко време стана вирално, а досега има повеќе од 2 милиони прегледи. Сето тоа е поради трансформацијата на бабата, ни помалку, ни повеќе, туку во Ким Кардашијан.

На самиот почеток на видеото можете да ја видите бабата како држи фотографија од Ким Кардашијан и му сугерира на шминкерот дека сака да личи на неа.

Шминкерот имал полни раце работа, затоа што на бабата ѝ ставaл перика, леќи, ѝ го контурирал деколтето и на крајот беспрекорно ја нашминкал.


Целиот процес на трансформацијата изгледа неверојатно, а шминкерот откри дека ова искуство било посебно за него.

„Ја сакам оваа баба, толку е слатка. Благодарен сум ѝ што се согласи на тоа да ја трансформирам во Ким Кардашијан, а таа беше воодушевена од резултатот“ - напиша шминкерот.

Видеото е преплавено со позитивни коментари, а сите се согласија во едно - оваа баба е преубава и без шминка.

„На убава жена сè изгледа добро! Браво за шминкерот, браво за бабата“, „Убавината не познава граници. Баката е преубава и без шминка“ - се некои од коментарите на корисниците кои го виделе видеото.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: