Мекан Маркл и принцот Хари пресекоа: По раѓањето на ќерката се повлекуваат од јавноса, еве како ќе изгледа нивниот нов живот
Војводата и војвотката од Сасекс по збровите на изворите сакаат по раѓањето на ќерката да поминат квалитетно време со децата далеку од медиумите..
По експлозивното интервју што Меган Маркл и принцот Хари го дадоа на водителката Опра Винфри, во кое го обвинија британското кралско семејство, двојката донесе одлука да се повлече од јавноста по раѓањето на нивното второ дете.
Имено, кога војвотката од Сасекс ќе се породи на почетокот на летото, тие ќе се потрудат да поминат квалитетно време заедно, далеку од медиумската помпа.
Извор близок на двојката за „Vanity Fair“ откри дека Меган и Хари планираат по раѓањето на нивната ќерка да се повлечат од јавноста и да се посветат на одгледувањето на децата, далеку од медиумите.
Така, војводата од Сасекс, кој штотуку ја доби својата прва вистинска работа во компанија за обука за живот и ментално здравје, ќе го прекине деловниот ангажман на некое време.
Двојката, која моментално живее во луксузна вила вредна 14 милиони долари во Калифорнија, би ги оставила настрана своите милионски договори со Нетфликс и Спотифај, кои им беа главен извор на приход откако кралското семејство им ги укина финансиите.
„Кога Меган ќе го роди своето второ дете, тоа ќе биде летово, и двајцата сакаат да бидат ослободени од сите обврски за да можат да поминат квалитетно време заедно штом ќе пристигне приновата“ - заклучил изворот.
фото: Profimedia