Меланија Трамп ја крие родената сестра Инес како змија нозе, но конечно се дозна како изгледа: Колку само личат

Меланија Трамп ја крие родената сестра Инес како змија нозе, но конечно се дозна како изгледа: Колку само личат

Објавена во: Живот // Живот

За приватниот живот на Меланија Трамп се знае многу, но покрај тоа некои детали успеа да ги сочува од љубопитните очи на јавноста... Помеѓу останатото скоро ништо не се знае за нејзината родена сестра Инес Кнаус.

Инес е постара од Меланија две години и тие отсекогаш биле многу блиски и си биле најголема поддршка. Прво се преселиле од мал град во Севница во Љубљана каде посетувале средно училиште и сонувале да работат во модната индустрија.

Нивната мајка Амалија работела во фабрика за детска облека, па љубовта кон шиењето, рачно изработени парчиња им ја пренела на своите ќерки.

„Никогаш не носеле облека од продавницата“, рекол своевремено неименуван извор.

Во раните 90-ти, сестрите се преселиле во Милано каде Меланија добила понуда да се испроба како модел, а Инес сонувала за кариера како моден дизајнер. Сепак, немале и двете среќа - постарата Инес не била доволно смела.


„Таа навистина сакаше да се занимава со мода, но не знаеше како да се пробие. Не беше како другите девојчиња таму, кои се однесуваа како кралици. Беше пристојна и многу пријатна“ - изјави парискиот фотограф Ел Ди Базевил, кој имаше можност да ги запознае.

Во секој случај - Инес продолжи да ја следи Меланија, па се пресели со неа во Њујорк, каде живее и денес, во луксузен стан на Парк Авенија, кој е во сопственост на организацијата на Трамп. Таа се занимава со уметност, а некои од нејзините илустрации ги објави самата г-ѓа Трамп на нејзиниот профил на Твитер.

Инаку, Инес беше многу активна во користењето социјални мрежи до 2016 година - со задоволство споделуваше свои фотографии, како и оние од нејзиното детство, па дури и со Меланија. Но, откако нејзината сестра стана прва дама, нема нови објави!


Тие две скоро никогаш не биле фотографирани заедно во јавност, но Инес е личност од доверба на Меланија, и некој на кој може се потпре кога е во прашање воспитувањето на нејзиниот син Барон.

„Инес е многу посветена сестра“ - кратко прокоментира Луиза Бекари, моден дизајнер од Милано, пренесува Блиц жена.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: