По роденденската честитка за синот, твитерџиите ја нападнаа Меланија Трамп: Ова е морбидно

По роденденската честитка за синот, твитерџиите ја нападнаа Меланија Трамп: Ова е морбидно

Објавена во: Совети // Семејство

За разлика од својот сопруг Доналд, на кој му е забрането да објавува на Твитер, Меланија редовно споделува содржини...

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, на својот син Барон му посака среќен 15 - ти роденден на Твитер, но некои корисници ја нападнаа за тоа што го сподели.

Имено, Меланија објави фотографија од балони во форма на броевите 1 и 5, а на поединци им пречеше тоа што балоните беа црни.


„Морничаво. Црни балони за петнаесетгодишно дете. Сирото дете. Тој мрачен свет во кој живееш мора да е многу ладен, но ти посакувам среќен роденден. Се надевам дека добро си помина“, „Јас би ја повикал социјалната служба ако мајка ми ми честиташе со таква морничава објава“, „Среќен роденден, но ми е чуден ми е изборот на црна боја за 15-ти роденден“, „Почитувана Меланија, можеше да најдеш малку посреќна слика. Ова е морбидно, но можеби така се чувствувате вие ​​или тој“ - беа само некои од коментарите.

За разлика од нејзиниот сопруг Доналд, кому му е забрането да објавува на Твитер, Меланија редовно споделува содржини на оваа социјална мрежа.

фото: Carolyn Kaster / AP

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: