Мене секој ден ми е 8 март: Цеца Ражнатовиќ доби еден куп подароци од момчето
Пејачката се пофали со подароците со кои Богдан ја изненади на Денот на жената, а таа јавно му се заблагодари...
Светлана Цеца Ражнатовиќ повеќе од три месеци ужива во љсо угостителот Богдан Срејовиќ, кој сега ја изненади со подарок за 8 март.
Ова е првпат пејачката јавно да му се обрати на својот партнер преку социјалната мрежа Инстаграм и откри дека често добива подароци од Богдан.
„Мене секој ден ми е 8 март, благодарам бејби“ - рече таа во видеото и го обележа своето момче. Таа ги покажа специјалните благи што ги доби, а потоа и неверојатни букети цвеќе, шампањ со чаши, но и плишано мече.
Двојката поминува многу време заедно. Тие беа фотографирани неколку пати додека уживаа во ресторан, но и во моментите кога Срејовиќ доаѓал во нејзината вила на Дедиње. Двапати досега, тие заминаа на кратко патување на планина, а честопати ги придружува и наследничката на Богдан, Искра, која ја доби во првиот брак.