„Менструација“ станува „фемструација“? Дали Македонија ќе го усвои европскиот термин или македонистите ќе го транскрибираат во „женструација“?
По објавување на информацијата дека највлијателните женските лоби здруженија од Европа се изборија за менување на зборот „менструација“ во „фемструација“ во осфордскиот англиски речник, на ред се и Македонците.
Деновиве, кога сѐ е во знакот на Денот на жената, барање беше поднесено и до македонските надлежни институции за јазични прашања за присвојување на европската иницијатива и за менување на зборот „менструација“.
Она што останува нејасно е дали и македонистите ќе се приклучат на глобалниот тренд и ќе се користи меѓународниот термин „фемструација“, или пак истиот ќе се транскрибира во „женструација“.
„Преку префиксот ‘жена’ директно се алудира на ‘женски’ термин и исфрлањето на зборот ‘мен’ (на англиски ‘маж’) како постоечки префикс на зборот ‘менструација’ е сосема оправдано“, се вели во поднесеното барање од страна на женските лоби групи.
Што мислите вие? „Фемструација“ или „Женструација“ ќе биде усвоен како најсоодветна семантика за женскиот месечен циклус?
Во секој случај, Македонскиот јазик, како и впрочем и секој друг јазик, е жива материја и постојано претрпува измени.Речникот на македонскиот јазик е отворен за промени и вклучување на нови зборови, па останува да видиме што ќе одлучат соодветните инстанции, но застапничките за еднакви женски права се едногласни: зборот „менструација“ заслужува да биде феминизиран и во Македонија!
„Победата која ја извојуваа влијателните женски организации во Европа за исфрлање на ‘мен’ од ‘менструација’ е голема и претставува победа за сите жени во светот. Веруваме дека и во Македонија ќе се почитуваат барањата на жените, а со тоа ќе покажеме дека сме зрели да чекориме напред кон европска, модерна и рамноправна Македонија“, се вели во барањето.