Мермер и злато: Вилата на Цеца на Дедиње зрачи со луксуз (ФОТО)
Ѝ нуделе да биде туристичка локација.
Вилата во која живее семејството Ражнатовиќ, на Дедиње, зрачи од раскош и луксузни детали. Иако Цеца никогаш не сакаше јавно да се фали со тоа и да ја покажува внатрешноста од вилата во медиумите, сепак низ нејзини фотографии на Инстаграм можеме барем малку да ѕирнеме како изгледа внатре.
Прозорците се претежно врамени со тешки драперии, а масите се скапи, масивни и изработени од цврсто дрво, додека доминантната боја е кафеава, во разни нијанси. Сепак, кремските тонови се исто така широко застапени, и интересно е што нема монотоно и здодевно катче: ако има часовник на масата - тој е златен, интересно обликуван и внимателно изработен, и ако видиме стол на фотографијата - се карактеризира со интересни детали.
Инаку, во оваа катна зграда има мермерно скалило и столбови, а пред неколку месеци во куќата е изграден приватен базен и простор за масажа, така што уживањето и релаксацијата во домот на Ражнатовиќ е загарантирана.
извор:GLOSSY