Месечен хороскоп: Февруари носи големо разочарување за еден знак во Зодијакот
Вага
Одлично ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Ќе мора да направите драстично различни финансиски стратегии во однос на претходниот период, а тоа вклучува и скратување на непотребните трошоци. Слободните Ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некоја забава или можеби во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер. За Вагите кои се во брак, февруари е поволен месец, во кој ќе ја планираат иднината и ќе донесуваат важни одлуки.
Шкорпија
Ќе претрпите драстични трансформации, особено на работното место. Сепак, иако ќе постојат препреки, тоа нема да биде причина да не напредувате. Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе да тргнете напред. Финансиските ситуација ќе биде стабилна. Февруари ќе биде многу значаен на емотивен план. Слободните припадници на овој знак новиот партнер би можеле да го пронајдат на социјалните мрежи, или преку некој близок пријател. Оние што се врска или брак, ќе бидат прилично авантуристички расположени.
Стрелец
Секоја промена за која ќе се одлучите, без разлика дали работите за некој или имате сопствен бизнис, добро би било да ја направите дури на крајот на месецот. Ве очекува турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска, но и да се соочат со проблеми, додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најважно ќе биде да се зачува хармонијата во односот и да се избегнуваат непотребните бариери.
Јарец
Постои голема можност за нови бизнис планови, но почекајте до втората декада од месецот. Голем успех може да имаат оние кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до крајот на март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување. Иако слободните ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочно планирање и важни одлуки.
Водолија
Постои голема можност да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате. Февруари ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер. Слободните Водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. Оние кои се во брак, од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти.
Риби
Невработените ги очекува период на нови можности и перспективи. Финансиската состојба ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството. Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Оние што се во врска ќе мора да размислуваат попрактично.