Месечен хороскоп: Септември бурен месец за еден знак, што ве чека Вас?

Месечен хороскоп: Септември бурен месец за еден знак, што ве чека Вас?

Стрелец – Септември е ваш месец. Ако сега не направите нешто поради кое ќе се гордеете, тогаш нема да го направите ни до крајот на оваа година. Имате поддршка од Јупитер, а Јупитер е познат само по добро, такашто нема да имате никакви препреки во финансиите. Рацете ви се одврзани и можете да работите се’ што досега сте сакале, а не сте можеле или не сте постигнале. Не се плашете од експериментирање, слободно започнете да се занимавате со нешто ново, започнете со необични проекти и ќе ја добиете заслужената награда. На љубовен план ве очекува турбулентен месец; во текот на првите 10 дена ќе бидете скоцентрирани на семејни работи, а со самото тоа ќе имате помалку време за партнерот. Ако сте слободни, можно е познанство во текот на овој месец, но познанството нема да биде долготрајна љубов.
Здравје – Она што ви е потребно е сон.

Јарец – После неколку месеци одмор, летување, доаѓа период кога малку повеќе ќе се нервирате и ќе се трудите да го исполните она што сте го замислиле. Во вториот дел на месецот, особено во последните 10-тина дена ќе имате чувство како некој да ве проколнал бидејќи ништо нема да ви биде успешно. Ве очекува доста стрес, за секоја ситница ќе мора да се помачите повеќе од било кога, но после дождот доаѓа сонце. Како што и претходно напоменавме, месецот нема да биде добар за вашата работа, но затоа на љубовен план ќе ви биде одлично. Овој месец ќе забележите дека партнерот повеќе се грижи за вас, се обидува да ве насмее и да ве расположи. За оние кои се слободни и вас љубовта ќе ви се насмевне со личност којашто неодамна сте ја запознале, а врз која сте оставиле добар впечаток.
Здравје – Повеќе одмор, помала изложеност на стрес.

Водолија – Добриот аспект е над вас во текот на целиот месец, па би било навистина штета да не го искористите. Се надеваме дека сте успеале да се одморите во текот на летото и дека сега ќе се сконцентрирате на работата и финансиските резултати. Ќе имате поддршка од сите на работа. Доколку сте во врска, трпението и толеранцијата би морале да бидат основа за уживање во текот на септември. Можни се мали недоразбирања со партнерот во врска со трета личност која е блиска со партнерот, не во смисла на љубомора, туку во врска со некои ставови, размислувања и договори. Доколку сте слободни, сега е одличен период за дружење и оставање на добар впечаток кај непознатите луѓе.
Здравје – Бурен и исцрпувачки месец за вас, па потребен ви е добар одмор.

Риби – Ако не сте вработени, и ако веќе подолго време барате работа, сега е вистинска можност да ја пронајдете. Можеби не работа за каква што мечтаете цел живот, меѓутоа сега е добро да започнете со оваа. Затоа погледнете што се бара, бидете упорни и досадни, чукнете на врата и ќе ви се насмевне среќата. Се чини дека сите родени во знакот на Риби нема да можат да пливаат добро во професионалните води во текот на септември. Оние Риби кои живеат од љубов, овој месец ќе се наоѓаат во рајот. Токму така, рајска ќе биде ситуацијата во текот на септември. Оние кои се слободни ќе запознаат Лав, Девица Ралк или Шкорпија и ќе бидат навистина среќни.
Здравје – Стандардно добро, од почетокот до крајот на месецот.



Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: