Месечен хороскоп за април: Што ве очекува?
Вага
Минатиот месец, Сонцето навлезе во текот на вашата седма куќа на љубовта и влеговте во период на љубовен и социјален врв. Овој месец носи многу љубовни случувања.
Љубовниот живот ќе биде комплициран, но многу среќен. Ќе бидете особено популарни кај лицата од спротивниот пол и ќе постојат многу можности за љубов и романса. На единаесетти и дванаесетти март, ќе се случи социјална или романтична средба која ќе ве смени од корен. На крајот на април, љубовниот живот ќе престане да биде толку хаотичен и комплициран, но романсата нема да престане. Вашите блиски луѓе ќе бидат посредници во љубовните случувања, но тоа нема да ви пречи. Напротив, ќе уживате во таквите игри и случувања.
Сепак, не ви советуваме да донесувате важни одлуки во текот на овој месец.
Предигрите и флертувањата ќе бидат повеќе вербални отколку физички. Тоа е така бидејќи ќе ви биде олеснета комуникацијата со сите луѓе околу вас, но и ќе се чувствувате многу сигурни поради сите романтични можности кои ќе ви се појават на патот. Можно е да се заљубите и во некоја од личностите од вашето соседство.
Здравјето ќе биде кревко до деветнаесетти април и затоа е важно добро да се одморите во поголемиот дел од овој месец. Потрудете се да ја одржувате енергијата на високо ниво бидејќи ќе ви биде потребна како за романтичните случувања, така и за останатите обврски кои ги имате во вашето секојдневие. Сепак, фокусирајте се на важните нешта.
Бидете особено внимателни во однос на финансиските одлуки. Не правете ништо доколку не сте сигурни и оптимистични во однос на тоа.
Скорпија
Оние кои бараат работа ќе се соочат со многу убави можности. Дури и оние вработените ќе бидат во ситуација да го подобрат своето работно место или пак да работат дополнителна работа. Сепак, за ваше добро, расчистете ги сите сомнежи пред да прифатите било што.
Здравјето ќе биде одлично за вас во текот на април, бидејќи ќе бидете многу фокусирани на тоа. Тоа ќе ви помогне да ги надминете евентуалните здравствени проблеми, кои евентуално можат да се јават по деветнаесетии април. Обрнете големо внимание на црниот дроб, а бидете и претпазливи во однос на големите промени во вашата исхрана. Обидете се да се информирате добро пред да примените некои големи промени.
Сексуалниот магнетизам ќе биде многу силен за Скорпиите во текот на овој месец, и ќе бидете привлечени од моќта и статусот на оние околу вас. Ќе сретнете нови луѓе со кои ќе зборувате за работата, а кои ќе ве привлечат поради нивната смиреност, но и огромна професионална моќ. По петти април, вашата љубовна планета Венера влегува во знакот на Овен и можно е привремено да станете личност која верува во љубов на прв поглед и која е восхитена од луѓето на прв впечаток. Можете да скокнете многу брзо во нештата, но опуштете се. Не дозволувајте тоа да биде претерано сериозно.
Пред деветнаесетти април, ќе доживеете цут на продуктивноста и ќе можете да завршувате повеќе работи од вообичаено.
По овој ден, работите стануваат бавни и потребно е трпение.
Стрелец
Ова е одличен период за да се одморите и да го релаксирате умот, бидејќи изминатиот период се занимававте со многу работи. Одморете се целосно од себе и посветете им се и на другите луѓе и бидете свесни дека доброто не доаѓа само од вас, туку и од другите луѓе.
До деветнаесетти април постојат можности за релаксирани патувања, одење во кино и театар и фини спортови. Вашата креативност ќе биде посилна од вообичаено. Ќе верувате дека сте поспособни од вообичаено.
Април ќе биде одличен месец и во однос на финансиите и здравјето. Ќе заработувате малку повеќе од вообичаено и наградите ќе ги добивате брзо, без одложувања и комплицирање. Внимавајте на работите кои ги купувате, можеби ќе дуплирате некои работи поради непромисленоста.
Добро би било да започнете да се занимавате со некоја физичка активност во текот на овој месец, бидејќи ќе имате многу енергија и убаво би било да ја искористите на овој начин.
Ве очекува моќна романтична средба во периодот меѓу петнаесетти и шеснаесетти април. Сепак, генерално ова ќе биде убав месец на полето на љубовта за вас по шести април. Ве очекуваат многу интересни моменти.