Месечен хороскоп за ЈУЛИ: Кои денови ќе ви донесат среќа?

Месечен хороскоп за ЈУЛИ: Кои денови ќе ви донесат среќа?

Стрелец

Имајте самодоверба и бидете реални за работите што се случуваат околу вас, но пред сè бидете искрени. Многу луѓе веќе ве сметаат за лидер.Треба да ја ставите под контрола ситуацијата што е готова да експлодира. Знаете како да се справувате со луѓе, а тоа ќе ви помогне во овој случај. Ако сè е под контрола, опуштете се и посветете внимание на учењето. Полната месечина може да донесе љубовни проблеми, но сето тоа може да се среди ако сте трпеливи и знаете да простувате.

Најубави денови: 9, 15, 24 

Најтешки денови: 3, 22

Јарец

Загрејте го столчето и добро спремете се за проектот кој го одложувате веќе подолго време. Работите нема да се научат сами. Вложете труд и бидете упорни, ќе се исплати. Не премолчувајте го тоа што го мислите, особено ако сте испровоцирани. Можеби некој ќе се навреди, но тоа не е ваша вина.Ќе имате потреба да ја искажете вашата љубов кон некого. Еден бакнеж и прегратка се доволни за да му разубавите ден некому.

Најубави денови: 8, 15, 29 

Најтешки денови: 11, 23

Водолија

Периодов ќе изгледа како вие да сте единствената личност која размислува разумно, дома или со друштвото. Време е за забава, но не и за вистинска љубов.  Нахранете си ја душата со нова музика, нова храна, па дури и ново патување со личност сродна на вас. Ако се појави некое недоразбирање, најверојатно ќе биде за нешто небитно и ќе исчезне за два-три дена.

Најубави денови: 4, 17, 26 

Најтешки денови: 9, 21

Риби

Ако досега бевте збунети, сето тоа ќе се разјасни овој месец. Морате емоционално да се оддалечите од сите стресни ситуации и да си посветите повеќе време на себе. Некогаш мора да научите да им кажете збогум на негативните луѓе  во вашиот живот.

Најубави денови: 5, 21, 24 

Најтешки денови: 15, 28


Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: