Месечен хороскоп за ноември: Критични денови за стрелците, што ве чека вас?

Месечен хороскоп за ноември: Критични денови за стрелците, што ве чека вас?

СТРЕЛЕЦ – Ова е критично време за вас, а настаните што следат ќе ве тераат да станувате многу сомничави. Ќе има моменти кога ќе делувате спротивно на своите интереси, ќе се спротивставувате на авторитативни луѓе, или во време и на место кога нема да треба тоа. Многу е можно да сте дури и несвесно вовлечени под влијание на туѓи мисли и желби, а тоа туѓо влијание нема да е позитивно за вас. Што се однесува до финансиите, тие во голем дел ќе зависат од вашето ангажирање. Некои од вас би можеле во текот на есенските и зимските месеци да започнат и свој бизнис, сами или со ортак.

ЈАРЕЦ – Во најголем дел од месецот ќе бидете преокупирани со работа, некој човек што ви е претпоставен, а можно е и родител.  Ќе има и позитивни и не толку убави моменти поврзани со горенаведеното. Инаку, контактот со пријателите ќе расположува, или зголемен контакт со некој од нив. Ќе среќавате луѓе за првпат со кои пријателски ќе си муабетите. Доколку имате групни активности од било кој вид, исто така ќе се интензивираат. Можна е средба која би требало да е значајна во овој поглед, посебно во деновите 17 или 18 ноември. Од друга страна, овие исти показатели означуваат и дека ќе се ангажирате во остварување на некоја своја желба. Ненадејни пари, можни се исто така.

ВОДОЛИЈА – Ќе решавате правни заврзлами, ќе учите нешто, ќе бидете активни на интернет, и ќе шетате на викенди, можеби и во посета на манастири. Работата и кариерата ќе ви бидат посебно важни во овој месец, можеби и затоа што ќе бидете поттикнати на тоа после некоја важна средба. Убави емоции, љубовна средба или пак продлабочување на постоечката врска ве очекува во текот на месецов. Можно е да започнете пријателство во овој период кое долго ќе трае.  Сума пари ве очекуваат во деновите од 11 до 13 ноември.

РИБИ – Во текот на месец ноември, вашиот владетел Јупитер прави два аспекти на 11 и 13 ноември, што би требало вас да ви донесе дружби, луѓе од странство, како и било каков вид на контакт со странци. И бездруго цел месец ќе биде тоа нагласено, но за некои припадници од овој знак, можни се контакти со духовни лица, интензивно учење, како и кратки патувања. Финансиската ситуација ќе ви задава главоболка поради некоја причина. Ќе решавате проблем со пари, долгови, кредити, позајмици. Се појавува ненадејна помош по ова прашање, посебно во деновите околу 23 ноември.



Foto: unsplash



Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: