Ми ги простуваат грешките, јас сум само обична девојка: Ќерката на Харис Џиновиќ искрено за познатите родители и веридбата со момчето

Ми ги простуваат грешките, јас сум само обична девојка: Ќерката на Харис Џиновиќ искрено за познатите родители и веридбата со момчето

Објавена во: Живот // Живот

Џина Џиновиќ проговори за родителите, идната професија и своето момче Андреј Ѓуриќ...

Младата наследничка на познатата двојка, дизајнерката Мелина Џиновиќ и познатиот пејач Харис Џиновиќ, веќе некое време привлекува големо внимание во јавноста.

Имено, убавата Џина, иако има само 17 години, веќе е успешна ТикТокерка и инфлуенсерка, а на социјалните мрежи ја следат повеќе од 140.000 луѓе.

Нејзината популарност расте од ден во ден, а како што самата истакна во една прилика, видеата почнала да ги објавува од досада, а потоа сè почнало по својот пат. Сепак, за пинк.рс истакна дека себе се смета за девојка, како и секоја друга.

„Би кажала дека сум само обична девојка, која има големи соништа. Сè што правам на социјалните мрежи е искрено и спонтано, што и беше мојата идеја од почетокот. Понекогаш сум хоровита, помалку имплусивна, но најчесто сум ведра и многу едноставна девојка“ - објаснува Џина.

Иако на социјалните мрежи најчесто споделува весели содржини, не се двоуми и да го сподели своето мислење на одредена тема.

„Не размислувам за тоа на тој начин. На социјалните мрежи ги изнесувам своите размислувања и ставови, многу е можно тоа да му се допаѓа на некој, но постојат и многумина на кои им се допаѓа. Не мислам дека исклучиво на тоа ја базирам својата понатамошна работа, но додека ми е интересно, додека има луѓе на кои им е интересно да гледаат што имам да им кажам, сметам дека има смисла“ - истакна Џина.

Уште не знае со што да се занимава во животот, ама сигурна е дека музиката и модата не ја интересираат, како што тоа е случај со нејзините родители.

„Немам во план ниту една од овие две работи. Бидејќи моментално завршувам средно училиште, во текот на оваа година дефинитивно ќе одлучам со што сакам да се занимавам. Можеби ќе се изненадите, но економијата и недвижнините се најблиски до моите интереси“ - вели Џина.

И додека последните месеци ги полни страниците во медиумите откривајќи познати и непознати детали од животот на своите родители, многумина се интересираат за тоа како тие се носат со тоа.

„Попрво би кажала дека ме советуваат, отколку критикуваат. Сепак, јас сум нивно дете, па и ми простуваат доколку погрешам. Важно е да научам нешто од тоа, а јас учам“ - вели наследничката на Џиновиќ.

Убавата миленичка на Харис веќе со месеци ужива во љубовта со фудбалерот на „Црвена ѕвезда“, Андреј Ѓириќ, а фотографијата од вереничкиот прстен ги збуни сите.

„Секако дека не сум, имам само 17 години. Рано е за тоа, а фотографијата од вереничкиот прстен на чија основа заклучивте е само симбол на мојата убава врска“ - порача Џина.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: