Ми заминаа филмските родители: По смртта на Дара се огласи и Боба од „Жикина Династија“
Даринка Дара Шалениќ, актерката препознатлива по улогата на Дара Павловиќ во филмскиот сериал „Луде године“, почина денес на 87 - годишна возраст по долго и тешко боледување.
Владимир Петровиќ, кој во популарната франшиза го играше Боба, синот на Дара и Жика, од омилена актерка се прости и на својот профил на Твитер.
„Заминаа и моите филмски родители. Нека имаат вечна слава...“ - напиша актерот.
Odoše mi i filmski roditelji.
— Vladimir Petrovic (@vlada5pet) March 12, 2021
Neka im je večna slava... pic.twitter.com/0umQrhUNi6
Да потсетиме, Драгомир Гидра Бојаниќ почина пред 28 години, а многумина сè уште се сеќаваат на неговите и духовити забелешки кои ѝ ги даваше на Дара во филмовите што и двајцата ги направија фаворити на публиката.