Мила Јововиќ: Се сеќавам на војната во поранешна Југославија. Војна, секогаш војна и лидери кои не можат да донесат мир

Мила Јововиќ: Се сеќавам на војната во поранешна Југославија. Војна, секогаш војна и лидери кои не можат да донесат мир

Објавена во: Живот // Живот

Актерката Мила Јововиќ е родена во Киев, Украина и е уште една во низата познати личности кои продолжуваат да му даваат поддршка и солидарност на украинскиот народ.

Актерката Мила Јововиќ на социјалните мрежи сподели дека и е скршено срцето и дека е запрепастена во обидот да ја прифати моменталната ситуација во Украина.

Таа рече дека е длабоко трогната од уништувањето и раселувањето на семејствата додека руските сили се приближувале до Киев, градот во кој е родена.

„Моето срце е скршено и вчудоневидено. Се обидувам да ги процесирам настаните оваа недела во мојот роден град Украина. Мојата земја и народ беа нападнати. Семејството и пријателите се кријат. Мојата крв и корени потекнуваат и од Русија и од Украина. Скршена сум на два дела додека гледам како се одвива ужасот, земјата е уништена, семејствата се раселени, целиот живот им лежи во јагленосаните делови околу нив. Се сеќавам на војната во татковината на татко ми, поранешна Југославија и приказната на моето семејство за траумата и теророт што ги доживеаја. Војна. Секогаш војна. Лидери кои не можат да донесат мир. И секогаш народот плаќа со крвопролевање и солзи.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: