Мили Боби Браун не е баш среќна што наполнила 18 години: Ја откри причината за тоа
Полнолетството е нешто што сите млади едвај го чекаат...
Можеби нема да ти се случи ваква ситуација каква што ѝ се случи на Мили, но во некоја мера ова ќе почувствуваш и на своја кожа кога ќе наполниш 18 години, особено доколку си девојка.
Убаво е да се порасне и да се наполнат 18 години. Откако си полнолетен можеш да правиш што ќе посакаш, но сепак секој брзо сфаќа дека тоа сепак не е толку супер колку што изгледало. Тоа го откри и Мили Боби Браун. Во неодамнешното гостување во поткастот „Guilty Feminist“ раскажа за одвратните реакции на кои наишла на својот 18-ти родендне. Сексуализацијата на неа и нејзиното тело е дефинитивно нешто што во никој случај не е во ред, а ако на такви коментари наидувала и порано, сега тоа станало почеста појава.
Ја забележала разлика помеѓу тоа како луѓето, медиумите и корисниците на социјалните мрежи почнале поинаку да се однесуваат кон неа откако е полнолетна.
Вели дека тоа е одвратно. Мили стана популарна уште на 12 години и знае како е да се расте под светлата на рефлекторите. Иако е успешна и благодарна на својот успех, има предизвици на кои наидува. А, сексуализацијата на нејзиното тело моментално ѝ е најголем предизвик. Луѓето редовно ја напаѓаат дека носи модни комбинации кои се пресериозни и кои не се за нејзини години. Раскажа и дека нејзините обожаватели на „Reddit“ пронашле група во која се одбројувало до нејзиниот 18-ти роденден и „секси фотографиите“ кои ќе станат достапни. Групата имала повеќе од 6.000 членови. Секако, сето тоа е пријавено и избришано, но сепак ѝ покажало на Мили дека работите ќе се променат, за што таа и не е многу среќна.
Дефинитивно не е една од оние познати ѕвзди кои се обидуваат да се покажат себе во сензуален стил и кој ќе игра на таа секси карта.