Мили Боби Браун со солзи ги молеше обожавателите: Зарем јас немам право да кажам не?

Мили Боби Браун со солзи ги молеше обожавателите: Зарем јас немам право да кажам не?

Објавена во: Stars // Филм

Социјалните мрежи се нужно зло, а младата актерка го почувствува тоа на своја кожа...

Мили Боби Браун е на удар од еден обожавател, кој ѝ се обрати на навредлив начин, поради што актерката беше приморана да го избрише својот ТикТок профил.

Таа се расплака на Инсатграм, додека ја раскажуваше непријатната средба со девојчето, кое ја сретнало додека била на шопинг со мајка ѝ.

„Ме праша дали може да ме сними, а јас ѝ реков дека не може. Ќе разберев да сакаше да се снимаме заедно, зошто би сакала да ме сними само мене?!“ - зборуваше Мили низ солзи.

„Не морам да му се објаснувам на никој. Доколку не сакам некој да ме снима, тоа е едноставно така“ - додаде таа.

Сепак, како што продолжи Мили, девојчето не сакала да ја остави на мир.

„Плачеv, кога таа помина покрај мене и повторно почна да ме снима. Ѝ реков: Јас сум човечко битие. Како повеќе да ти објаснам?“ - зборуваше и почна повторно да плаче.

„Ми одговори со прашањето: значи, јас не можам да снимам човечко битие, на што ѝ кажав дека не може доколку јас велам не. Се вознемирувам кога луѓето се обидуваат да ги поминат границите на пристојноста и би сакала повеќе да ме почитуваат“ - објасни актерката.

„И понатаму учам да се носам со сето ова... каде е моето право да кажам не?“ - праша таа.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: