Милица од Кавадарци со стајлингот ги засени сите во „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)
Во петтиот последователен дуел синоќа, Милица Ризо Трајков од Кавадарци и Јована Вељковиќ ги вкрстија гласовите. Натпреварувачите дадоа сѐ од себе за да покажат колку напредувале од последниот круг, а дека добро соработувале со менторите покажуваат и гласовите кои следеа.
Кандидатот на Мили, македонската натпреварувачка од Кавадарци ги избра песните „Нека те боли“ и „Не тиче ме се“, додека конкурентката на Ана во оваа рунда ги изведе песните „Да има нас“ и „Кестени“.
Само што стапнаа на големата сцена на Гранд, погледите на сите ги допре стајлингот кој Милица го избра. Комбинезонот кој ги покажа сите нејзини атрибути беше надополнет со шапка со реси кои паѓаа до подот досега невидена на ова натпреварување.
Како што минуваа песните, така се зголемуваа и гласовите на жирито, па овој дуел заврши 5-4 во корист на натпреварувачката на Мили, нашата Милица од Кавадарци.
ФОТО: Инстаграм/Гранд нова.рс