Милионерот си ги зема Надица Адемов и новородената ќерка од породилиштето, пејачката со треперлив глас: „Плачам секој ден, моето бебе е херој“

Милионерот си ги зема Надица Адемов и новородената ќерка од породилиштето, пејачката со треперлив глас: „Плачам секој ден, моето бебе е херој“

Објавена во: Stars // Музика

Надица ја напушти приватната клиника во бела тренерка, облечена во црна јакна, заедно со сопругот Дамир нешто по 11 часот...

Пејачката Надица Адемов денеска го напушти приватното породилиште каде се породи пред неколку дена и на свет донесе девојче.

Нејзиниот сопруг Дамир, милионер од Германија, дошол да ја земе со носилка од 425 евра за нивната принцеза.

Надица нешто по 11 часот заедно со сопругот Дамир ја напушти приватната клиника во бела тренерка, покриена со црна јакна.

Таа даде изјава и за присутните медиуми, а колку била емотивна говори и фактот што ронела солзи додека зборувала за наследникот на Мелина.

- Ја заборавив шминката, деновиве воопшто не се шминкав. Сега кога се разбудив, велам, Боже, конечно шминка. (се смее) Плачам секој ден, цел ден, еве и сега ми доаѓа да го испуштам гласот. Пресреќна сум и би посакала ваква среќа на сите, бидејќи тоа е љубов на прв поглед - изјави Надица.

- Првото нешто што помислив кога ја видов е дека ми пристигна најубавото нешто во животот. Ја нареков херој, затоа што се бореше од првиот ден и се бореше до крај. Таа е најважната работа во мојот живот и сето тоа пред неа беше апсолутно неважно. Сега таа диригира - истакна пејачката која рече дека се уште се плаши кога го држи бебето.

- Стравот е сеуште присутен, што е нормално... Многу е ситна, мала... Но, ќе се навикнам - признала мајката.

Како што истакна таа, собата за бебето е готова веќе два месеци, а гордиот тато бил во болница кога Надица се породила, но не бил присутен на самиот чин.

Да потсетиме, Ѕвездата на Гранд Надица Адемов се породи на 28 октомври во приватна клиника во Белград, а денеска со бесно „порше“ ја зема нејзиниот сопруг Дамир, милионер од Германија.

Дамир нешто по 10 часот со „порше“ пристигнал пред клиниката во Нов Белград, да ги земе сопругата и девојчето што го добиле.


Извор: телеграф.рс

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: