Минатата година несреќата ги зближи: Кејт Мидлтон ѝ се јавила на Меган по нејзината исповед за губење на бебето

Минатата година несреќата ги зближи: Кејт Мидлтон ѝ се јавила на Меган по нејзината исповед за губење на бебето

Објавена во: Живот // Живот

Спонтаниот абортус што го доживеа Меган Маркл минатото лето ги зближи двете јатрви!

Меган Маркл (39) пред крајот на минатата година ја шокираше јавноста признавајќи дека доживеала спонтан абортус во јули мината година.

За нарушениот однос меѓу војвотката од Сасекс и јатрва ѝ Кејт Мидлтон се зборуваше во медиумите веќе подолго време, но тогаш магазинот „Нова идеја“ напиша дека тогаш ги средиле односите.

Имено, кога дознала за абортусот, Кејт ѝ се јавила на Меган и ѝ изразила жалење, велејќи дека принцот Вилијам и таа едвај чекаат да ги посетат во Америка, штом ситуацијата со пандемијата на коронавирусот малку се смири.

Извор близок на Меган потврди дека Кејт направила чекор кон смирување со тој повик.

Имено, брачните парови на кралското семејство не се сретнале заедно од март минатата година, кога Меган и Хари ги напуштија кралските должности и се преселија во Америка, што предизвика напната врска.

Браќата Хари и Вилијам се во кавга веќе подолго време, а Меган, според извештаите на медиумите и тврдењата на бројни извори блиски до семејството, се чувствувала отфрлена од војводата и војвотката од Кембриџ, како и целото кралско семејство.

Затоа, топлиот и сочувствителен потег на јатрвата ја изненади и ја разнежни во тој тежок момент.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: